Утрински Весник
Македонија

Потврдени седум нови случаи со Ковид 19, оздравени 47 пациенти, еден починат

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 113 тестирања, а потврдени се седум нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 512, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15,     Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3,     Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 ( 7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово – 1, Виница – 2, Кратово- 1.

Направени се 113  теста и тоа преку: ИЈЗ –108 и МАНУ – 5.  Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација е еден пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 24 од кои на респираторна машина се пет пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица, а уште четворица се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме