Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ивановска: Нашето соопштение се однесуваше на судирот на интереси на уставните судии во постапувањето за уредбите за платите

Ивановска: Досега не сме добиле никакви наредби или сме имале какви било притисоци во работењето
Img 7972

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска изјави дека соопштението што го објави ДКСК на 29 април не се однесува на содржината на донесеното Решение со кое Уставниот суд го запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбите со законска сила, бидејќи за тоа е надлежен и одговорен Уставниот суд, туку дека се однесува во смисла на судир на интреси на уставните судии во конкретното постапување.

– Соопштението на ДКСК од 29 Април се однесува на постапувањето на Уставниот суд во смисла дали постои судир на интереси на уставните судии во конкретното постапување, односно дали Уставниот суд треба или не треба да постапува по иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл. бесник на РСМ бр.97/2020 и Сл. Весник бр. 100/2020), вели Ивановска.

Ставот на ДКСК, наведува таа, произлегува од надлежноста на Уставниот суд утврдена со Уставот, според која, Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот. ев/скс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН

Апсење во Тетовско – Ова се причините