Утрински Весник
Економија

Рудникот „Саса“ е компанија на неделата според Сојузот на синдикати

Рудникот „Саса“ е компанија на неделата според Сојузот на синдикати

Македонска Каменица, 4 мај 2020 (МИА) – Каменичкиот рудник „Саса“ ја доби нагарадата за најдобра македонска компанија на неделата. како признание од Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ).
Меѓу позначајните чекори кои придонесоа за оваа награда од компанијата, директорот Олег Телној ги посочи неколкуте значајни чекори кои ги презеде рудникот во време на пандемија од Ковид-19.
-Ги зголемивме платите на вработените за пет проценти, исплативме премија на вработените, воведовме дополнителни мерки и протоколи за БЗР поврзани со коронавирусот, а исто така дониравме 125 илјади евра за борба против Ковид-19. Покрај ова, Рудник „Саса“ продолжува со силната и веќе докажаната општествена одговорност, истакна Телној по повод добивањето на наградата.
Компанијата, додаде тој, ќе продолжи да биде главен двигател на локалната економија во Македонска Каменица, но и главен покровител на речиси сите спортски клубови, културни настани и манифестации, социјални активности, а и сериозен поддржувач на образованието, здравството и невладиниот сектор. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година