Утрински Весник
Македонија

Хеликоптер на МВР се урна на аероромот во Скопје, еден лесно повреден

Хеликоптер на МВР се урна на аероромот во Скопје, еден лесно повреден
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.

Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување. Во него биле пет лица.

Според првичните информации едно лице се здобило со лесни телесни повреди. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари