Утрински Весник
Македонија

Сто уметници дел од програмата „Култура во време на корона“

Досега 41 уметник настапија во рамки на програмата „Култура во време на корона“

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Градот Скопје информира дека до денеска 100 уметници биле дел од програмата „Култура во време на корона“.

– На над 20 локации во осум скопски општини се одржаа изложби, видео-арт презентации, перформанси, концерти на солисти и групи, диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби. Овие настапи беа стримувани на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на Град Скопје и имаа над 400.000 прегледи, информираат од Градот.

Оттаму потсетуваат дека Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

– Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Сите учесници добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, информираат од Град Скопје. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина сопственикот на повеќе познати кафулиња и ноќни клубови

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го блокира европскиот пат на Македонија по 100 дена владеење

Собранието усвои девет законски измени по скратена постапка