Утрински Весник
Спорт

Мартинез ќе остане селектор на Белгија до 2022 година

Мартинез ќе остане селектор на Белгија до 2022 година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Брисел, 4 мај 2020 (МИА) – Роберто Мартинез ќе остане на селекторската функција во белгиската фудбалска репрезентација. Новиот договор ќе биде со важност до Светското првенство во 2022 година. Продолжувањето на договорот требаше да се случи порано, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус.

– Мартинез ќе ја тренира Белгија до Мундијалот во 2022 година во Катар, освен ако не се случи административна катастрофа, објкавија белгиските медиуми.

Со репрезентацијата на Белгија, Мартинез го освои третото место на Светското првенство во Русија во 2018 година, што е најдобар резултат за националниот тим на оваа земја. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички