Утрински Весник
Македонија

Два случаи на семејно насилство во тетовско

Се бара 42-годишен маж пријавен за исчезнат
Dik 300x250 mk

Тетово, 4 мај 2020 (МИА) – Две лица се приведени од страна на тетовската полиција откако се пријавени два случаи на семејно насилство, соопшти денес СВР Тетово. Настаните се случиле во две тетовски села.

-Ноќеска во 2 часот и 30 минути, 42-годишна жителка на тетовско село и нејзината 21-годишна ќерка во СВР Тетово пријавиле дека околу 1 часот, нивниот 18-годишен син и брат, кој бил под дејство на алкохол, физички ги нападнал во домот. Вчера во 18 часот, 35 годишник од тетовско Сараќино во СВР Тетово пријавил дека неговиот чичко В.Р.(65), во забележително алкохолизирана состојба, дента околу 15 часот агресивно се однесувал и ги навредувал членовите на неговото семејството, информираат од СВР Тетово.

Двајцата пријавени се лишени од слобода и задржани во полициската станица во Тетово, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена