Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници меѓу девет лица кои не почитувале полициски час

Двајца приведени во полициски час за напад и нарушување јавен ред и мир

Тетово, 4 мај 2020 (МИА) – Тетовската полиција бележи вкупно девет лица кои не ја почитувале забраната за движење во перидот 3-4 мај 2020 година. Од вкупниот број двајца се малолетници.

-Сите кои не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ член 206 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

СВР Тетово бележи дека во изминатото деноноќие на три лица од тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а нема нови лица кои потпишале изјави за самоизолација. ас/нд/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните новинарски награди

Министерството за односи меѓу заедниците организираше настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Тренчевска до Димитровски: Зошто ги излажавте транспортерите кога проблемот не сте го решиле