Утрински Весник
Спорт

Хајнкес: Не мислам дека цената на Лерој Сане е оправдана

Баерн започна преговори со Сане

Минхен, 4 мај 2020 (МИА) – Поранешниот селектор на Баерн, Јуп Хајнкес го сподели своето мислење за можен трансфер во тимот од Минхен на напаѓачот на Манчестер сити, Лерој Сане.

– Сане не е апсолутен врвен играч. Сега тој е во таа фаза од својата кариера дека се можни две опции: или тој ќе продолжи да работи на себе, или ќе остане неоткриен талент. Тој треба да биде подготвен да направи голем чекор напред. Нема смисла да го покажувате вашиот талент само од време на време. Да бидам искрен, не мислам дека неговата сегашна трансферна вредност е оправдана, изјави Хајнкес.

Претходно беше објавено дека Баварците се подготвени да платат 60-70 милиони евра за Сане.

Фудбалерот се здоби со повреда на лигаментите во натпреварот од англискиот Супер куп против Ливерпул на 4 август 2019 година, поради што ја пропушти скоро целата сезона 2019/20. На крајот на јануари, 24-годишниот играч се врати на тренинзите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кошаркарскиот Сојуз на Србија доби нов претседател

Андреас Иниеста става крај на фудбалската кариера

Арсенал домаќин на ПСЖ, Милан гостува во Леверкузен