Утрински Весник
Македонија

Продолжуваат активностите за обнова на спортската сала „Партизан“

Продолжуваат активностите за обнова на спортската сала „Партизан“

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Во тек е подготовка на основен проект за новиот изглед на спортската сала „Партизан“, откако претходно, со вклученост на јавноста се избра и идејното решение. Се планира салата да го задржи автентичниот изглед и постоечкиот габарит.

Општина Карпош продолжува со континуирана соработка со Меѓународната невладина организација „Културно ехо“, која се однесува на: изработување концепт и стратегија за сите фази во процесот на ревитализација на салата, подготовка на програма за долгорочно и ефикасно управување на „Партизан“, низ призма на современ и мултифункционален спортски центар и др.

Од општината денеска соопштија дека градоначалникот Стефан Богоев го потпишал Меморандумот за соработка со „Културно ехо“ и Здружението на спортски ветерани – Скопје, со намера да се потврди заложбата за трајна заштита на јавниот простор и вклученост на сите засегнати страни.

– Исто така, оваа соработка претставува успешен пример за ревитализација на еден објект кој е во колективната меморија на карпошани, но и на граѓаните од цело Скопје. Намерата е преку овој пример да се обезбеди заштита и на други јавни објекти кои денеска се руинирани и пропаднати во повеќе општини, соопштуваат од прес-службата на Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа презема и активности за проценка на статиката и стабилноста на објектот, имајќи предвид дека претстојниот период Агенцијата за млади и спорт ќе почне со етапна реконструкција на салата.

Од општината информираат дека планирано е салата да го задржи автентичниот изглед и постоечкиот габарит.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра