Утрински Весник
Македонија

Водителот и пејач Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника

Водителот и пејач Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – На Инфективната клиника во Скопје денеска почина водителот и пејач Драган Вучиќ од компликации од вирусот КОВИД-19.

За неговата смрт не е официјално соопштено од Институтот за јавно здравје, но ја потврдиле членови на неговото семејство.

 

Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.

Беше и водител на квизовите „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал