Утрински Весник
Македонија

Чулев: Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење

Чулев: Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) –  Викендот 55 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на цела држава, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

– Викендов се применуваше мерката за ограничување на движењето кое започнуваше во 14 часот и траеше до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, пишува Чулев на ФБ.

Тој иформира дека на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација. Во државен карантин се спроведени 34 лица. мс/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука