Утрински Весник
Спорт

Италијанските тимови сè уште немаат право да продолжат со тренинзите

Аталанта водеше со 3:0 до 69-та минута, но не победи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 4 мај 2020 (МИА) – Само неколку часа откако медиумите ја објавија одлуката на владата да дозволи тренинзи во Италија, оваа вест беше демантирана. Министерот за спорт на земјата, Винченцо Спадафора, на својот Фејсбук профил напиша дека не постои такво нешто и на тимовите не им е дозволено да тренираат до 18 мај.

Од денес, 4 мај, карантинските мерки во земјава слабеат и неколку екипи соопштија дека наскоро ќе ги продолжат своите колективни активности, иако со некои ограничувања.

– Морам да читам чудни работи во медиумите! Но, што се однесува до фудбалот, работите не се променети и на тимовите не им е дозволено да тренираат во моментот. Барем до 18 мај, напиша италијанскиот министер за спорт на социјалната мрежа.

Шампионатот во Италија беше суспендиран на почетокот на март поради пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички