Скопје, 3 мај 2020
Како што полека ја добиваме битката со коронавирусот, така неодговорното и несериозно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев прогресира.
Во борбата против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна и ќе останат запаметени по тоа што се исмеваа и ја потценуваа пандемијата, а потоа се посветија целосно на деструкции и лажни вести.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од демократски мегдан и се плашат од избори. Тоа е причината поради којашто не сакаат функционално Собрание, нормализирање на состојбата и имаат уплав од избори.
На граѓаните, на државата им се потребни функционални институции, враќање на нормалниот колосек на европските интеграции.
Затоа, штом се стабилизира епидемијата, во првиот можен рок треба да се реализираат изборите.
СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.