Утрински Весник
Македонија

Османи: Време е со паметна комбинација на меки мерки да се заменат полицискиот час и затворањето на бизнисите

Османи: Време е со паметна комбинација на меки мерки да се заменат полицискиот час и затворањето на бизнисите
Dik 300x250 mk

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека сега е моментот да се разгледа можноста соодветната комбинација на меки мерки во справувањето со епидемијата на Ковид-19 да биде замена за сегашниот полициски час и затворањето на бизнисите.

-Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите, истакна Османи при што уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.

Османи денеска во улога на главен координатор на општинските кризни штабови беше во посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со Директорот Арбен Зибери.
За време на средбата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи и Зибери разговарале за состојбата во борбата против КОВИД-19, како и за предизвиците  кои произлегуваат од  секојдневната борба со истата.

 

Османи изразил благодарност до Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против КОВИД-19, при што констатирале дека Центарот беше еден од клучните столбови во борбата против пандемијата. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче