Скопје, 3 мај 2020
Денес е 3-ти мај, Меѓународен ден на слободата на медиумите. Овој ден нè потсетува на работата на медиумите и новинарите кои го прават тоа секој ден, во интерес на вестите, информациите, но и откривањето на вистината која често останува неоткриена.
Колку повеќе се независни и професионални медиумите и новинарите, толку повеќе тие помагаат во демократизација на земјата и нејзините граѓани. Нивниот критички глас кон Владата, но и опозицијата треба да послужи како коректор на нивната политика.
За жал во Северна Македонија, новинарите не уживаат целосна слобода на изразување, тие често пати биле малтретирани, па дури и насилно отстранети од Собранието на РСМ, како што е случајот со претходната влада.
Северна Македонија се наоѓа на 92-то место на списокот на земјите во однос на слободата на медиумите, зад Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија. Податоците од истражувањето на RWB (Репортери без граници) покажуваат дека нашата земја има уште многу работа во однос на оваа област што е многу важно за целосно и точно информирање на граѓаните. Колку по независни се медиумите, толку поточно се информираат граѓаните.
Алијансата за Албанците во некои случаи потенцираше дека една од нејзините главни цели е да се постигне целосна слобода на медиумите и слобода на изразување, како две слободи кои се заштитени и загарантирани и со многу меѓународни конвенции.
Медиумските работници секогаш се на бојното поле, како што се и денес, за време на пандемијата, загрозувајќи ги своите животи со барање вести, известување од разни области за да се информираат граѓаните, и затоа заслужуваат длабока почит и благодарност.
Медиуми, новинари Вие сте достојни бранители на човековите и социјалните слободи и права, без Вас вистинската демократија е невозможно да функционира.
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.