Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Да се вложат максимални напори за заштита и безбедност на медиумските работници

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за ТВ Вис

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска упати честитка по повод Светскиот ден на слободата на медиумите во која истакнува дека веродостојни информации и нивниот слободен тек се суштински во соочувањето, разбирањето и надминувањето на кризата со пандемијата.

Апелираат дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување заштита и безбедност на медиумските работници при извршување на професионалните задачи.

-Секоја година, на 3 мај се слават фундаменталните принципи и независноста на медиумите, се оценува нивната слобода и се оддава почит на новинарите кои ги загубиле своите животи при вршење на професионалните обврски. Воедно, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата и обврската на владите да ја почитуваат нивната слобода, соопшти АВМУ.

Годинава, како што посочуваат, светскиот ден на медиумите се одбележува под мотото „Новинарство без страв и наклонетост“, при што акцентот е на тоа дека независните медиуми, ослободени од сите видови притисоци, играат клучна улога во носењето на информирани одлуки и во обезбедувањето транспарентност и одговорност на институциите.

-Во услови кога пандемијата од КОВИД-19 го диктира темпото на живот, навремени, веродостојни информации и нивниот слободен тек се суштински во соочувањето, разбирањето и надминувањето на кризата. Професионалното, етичко и точно известување придонесува не само за превенција и справување со заразата, туку и за разобличување на дезинформациите и на лажните медицински совети кои би можеле да го загрозат здравјето. Токму затоа е неопходно да се овозможи слободен и еднаков пристап до информациите и да не се ограничува слободата на движење на новинарите, се наведува во соопштението на АВМУ. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош