Утрински Весник
Македонија

Овчар од Косово се обидел да силува момче во Градско

Скопјанец обвинет за малтретирање на партнерката и нејзиното дете

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Косовар, најмен како овчар во село во  Градско, вчера се обидел да силува момче кое успеало да избега од напаѓачот. Овчарот е приведен.

Како што соопшти МВР, во Полициската станица Кавадарци вчера во 14:30 часот било пријавено дека истиот ден околу 9 часот во нива во село Чичево во Општина Градско на место викано „Подколец“ М.В.(47) од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16 годишен малолетник, но малолетникот успеал да избега.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва