3 мај 2020
Стоилковски: Дали Филипче е договорен со фирмите кои ја откажаа набавката за респиратори и затоа не ги казни истите!?
Власта и Венко Филипче молчат дали и доколку не, зошто не се санкционирани фирмите „Соникс“ и „Винора“, 2 од 9 фирми кои биле избрани од Комисијата на Филипче за да извршат набавка на респиратори, а ја откажале набавката, откако биле избрани, за која што се обврзале дека ќе ги донесат респираторите за 30 дена.
Што се сменило од периодот кога бил огласот и кога фирмите го добиле тендерот, ако знаеме дека другите 7 фирми биле декласирани, само заради тоа што не можеле да ги испорачаат респираторите во рок од 30 дена!?
Филипче кој се фалеше на секоја прес конференција со наводната набавка, преку соопштение само извести дека набавка воопшто нема да има. Дали се работи за смислено сценарио и за однапред договорена шема!? Оваа шема која што откако јавноста почна да реагира власта мораше да ја откаже!?
Доколку не е така, зошто тогаш двете компании кои се обврзаа, а отпосле не ја реализираа набавката и како држава не оставија без респиратори не се санкционирани, па сето тоа индицира само на тоа дека се работи за однапред договорена зделка.
Се е дополнително сомнително, ако се знае дека постапката со уредба на влада, постапката не одеше преку Бирото за јавни набавки, туку по брза постапка од 72 часа, која што ја спроведуваше трочлена комисија во состав од административни службеници вработени во министерството на Венко Филипче.
Знаат дека се фатени до гуша во криминал и сакаат да се исперат, но криминалот нема да им помине. Очекуваме одговори.
Ги повикуваме институциите да го испитаат целиот случај за кој што пишуваат и медиумите во Македонија, од почетокот при декласирање на 7- те компании, до крај. Одговорност ќе има, ако не сега, по промената на власта.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.