Утрински Весник
Спорт

Фиго: Никој не ме понижил како Манчини во Интер

Фиго на второ место на рангирањето на најскандалозните трансфери според ЕСПН
Dik 300x250 mk

Лисабон, 3 мај 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер од средниот ред Луис Фиго зборуваше за соработката со поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини.

– Роберто Манчини во Интер ме злоупотреби како никој друг во текот на мојата кариера. Бев измачуван во Интер. Не бев на 20 години, туку 34-35 и се појавија ситуации кои не треба да бидат. Не беше прашање дали играв или не. На 34 години, вие разбирате за што сте способни. Но, кога бев принуден да се загревам 85 минути, а потоа да ми се дозволи да играм три минути за да види дали ќе избувнам, не беше нормално, изјави Фиго во инстаграм разговор со Фабио Канаваро.

Фиго во Интер беше од 2005 до 2009 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз

Река во Австралија полна со крокодили, е прогласена за погодна за ОИ 2032

Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија