Утрински Весник
Спорт

Ливерпул му понуди на Вернер петгодишен договор за 50 милиони евра

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер

Ливерпул, 3 мај 2020 (МИА) – Ливерпул сепак има намера да се здобие со напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер. „Црвените“ му понудија на Германцот 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра годишно, плус бонуси, пренесува новинарот Николо Скира.

Вернер е приоритетна трансфер цел за главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. Преговорите меѓу клубот и играчот се во напредна фаза.

Дваесет и четиригодишниот Германец оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Лајпциг и постигнато 12 голови со 12 асистенции.

Самиот играч претходно изјави дека би сакал да ја продолжи кариерата во странство, и покрај интересот на Баерн Минхен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство