Утрински Весник
Спорт

Погба останува приоритет за Јувентус

Јувентус ги нуди Дибала и Сандро за Погба

Торино, 3 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, може да се врати во Јувентус. 27-годишниот Французин останува приоритетна опција за клубот од Торино во списокот со трансфер цели за следната сезона, напиша новинарот Николо Скира на социјалните мрежи.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи работи на вклучување играчи како Арон Ремзи или Даглас Коста во договор за размена со Манчестер јунајтед. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп