Вашингтон, 2 мај 2020 (МИА) – Поранешната кошаркарска ѕвезда на Бостон селтикс, Пол Пирс смета дека мислењата на играчите не треба да се земат предвид при одлучувањето дали да продолжи или не сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот.
– Не мислам дека ставот на играчите околу ова прашање е од големо значење. Ова е светски проблем, државен проблем. Овој проблем не треба да го решаваат играчите. Ако одлуката зависеше од нив, тогаш тие ќе играа сега.
Верувам дека одлуката не треба да ја носи ниту Адам Силвер, туку државните власти, изјави Пирс.
Претходно, Леброн Џејмс изјави дека лигата не може да се откаже од натпреварите и дека Лејкерс би сакале да ја заврши сезоната веднаш штом ќе стане безбедно.
Неколку опции з апродолжување на сезоната најавуваше и комесарот на НБА Адам Силвер. зс/