Утрински Весник
Спорт

Емери: Нејмар е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо

Лошиот англиски на Емери создава тензии во Арсенал

Париз, 2 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери ги сподели своите впечатоци за работа со Нејмар. Бразилецот се приклучи на парискиот клуб во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

– Имав неверојатна година со него. Научив многу од начинот на кој тој работеше на секоја тренинг сесија и на секој натпревар. Нејмар е многу талентиран и ги има потребните квалитети за да го отелотвори овој талент. Мислам дека е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо и да стане најдобриот играч на светот. Тој има време да го стори тоа, вели Емери во изјава за „АС“.

Емери го предводеше ПСЖ од 2016 до 2018 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026