Отава, 2 мај 2020 (МИА) – Потпретседателот на ФИФА и КОНКАКАФ, Канаѓанецот Виктор Монталијани предложи следната фудбалска сезона да се одржи по системот пролет-есен. Првенствата во огромното мнозинство на држави ширум светот беа прекинати поради пандемијата на коронавирус. Европското првенство беше одложено од 2020 за 2021 година.
– Во Америка веќе се одржува сезона во текот на календарската година. Можеби истото решение треба да се користи во Европа и Африка, го цитира Ројтерс, Монталијани. – Не ја отфрлајте оваа идеја, земајќи го предвид зимскиот светски шампионат.
Мундијалот 2022 ќе се одржи во Катар, за прв пат турнирот ќе се игра во зима (во ноември – декември). зс/