Утрински Весник
Спорт

Ловрен: Не е лесно, ние сме затворени во нашите домови 46 дена

Рома и Ливерпул се договорија за Ловрен

Загреб, 2 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен призна дека периодот на изолација е психолошка битка. Според хрватскиот фудбалер ќе треба долго време спортистите да се опорават.

– Не е лесно, ние сме затворени во нашите домови 46 дена. Психолошкиот аспект е најтежок за надминување. Ја одржувам формата што е можно физички – шутирам топка со мојот син на тревникот, но тренинзите со тимот се тотално различни.
Се обидувам да останам мотивиран од секојдневните активности во овие околности. Станувам наутро и си кажувам себеси дека ќе тренирам сериозно, но изгубив на мускулатурата во нозете затоа што 90-минутното вежбање со тимот не може да се замени со ништо, изјави Ловрен за „Спортске новости“.

Тој се надева дека Александар Чеферин и сите од УЕФА и ФИФА ќе најдат решение за да не се случи фудбалерите да мора да одиграат 15 натпревари за 30 дена. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство