Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста, нека се истражи случајот со респираторите

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 2 мај 2020

И покрај тоа што нема никаков случај, ниту пак некаква неправилност во однос на набавката за респираторни машини, ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со бесмислени прес конференции.

Единствена намена на овие прес-конференци е да одржуваат во јавност непостоечка тема и да ги манипулират граѓаните. За каков криминал или неправилност зборува ВМРО-ДПМНЕ кога набавката за респиратори воопшто не се реализираше откако компаниите се откажаа заради тоа што не можат да го испорачаат договреното?

На сите им е јасно дека набавка на респиратори во овие моменти е исклучително тешка заради дефицитот на машини во светот. Откажувањето на компаниите во вакви тепки услови за работа и дефицит не е ништо чудно или неочекувано.

Што точно проблематизира ВМРО-ДПМНЕ очигледно не знаат ни самите.

Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста. Апелираме да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај.

Министерството за здрваство работи транспарентно и стоиме на располагање на сите институции кои сметаат дека треба да истражуваат.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи