Утрински Весник
Македонија

Од понеделник продолжува дезинфекцијата на станбените објекти во Куманово

Од понеделник продолжува дезинфекцијата на станбените објекти во Куманово

Куманово, 1 мај 2020 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување продолжува со своите тековни активности, информираа денеска од кумановскиот штаб, кој ја одржа својата 40 седница. Дезинфекцијата на станбените објекти продолжува од понеделник, информираат од штабот.

Информација до граѓаните на Општина Куманово дека ОШЗС Куманово продолжува со својата работа, со цел справување со COVID 19. ОШЗС Куманово ги известува граѓаните дека дезинфекција на стамбените објекти ќе продолжи во понеделник, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека институциите и субјектите редовно ги извршуваат  активности, согласно предвидената динамика. ам/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

10 возачи уапсени затоа што возеле без возачка, меѓу нив и двајца малолетници

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар