Тетово, 1 мај 2020 (МИА) – Општина Тетово информира дека интензивната градежна активност по месноста Бањиче претставува продолжување на делницата до селото Бродец. Станува збор за пат долг 1000 метри со ширина до 6,5 метри и потпорни sидови долги 40 метри. Се најавува поставување јавно осветлување и тротоарите за пешаците долж патот.
–Овој пат е продолжение на реконструкцијата на првиот дел од патот Бањиче и претставува капитална инвестиција во една од најатрактивните рекреативно-туристички места на општина Тетово.Општината предвиде и дополнителни проекти кои ќе влијаат на модернизација на инфраструктурата, како и на афирмацијата на овој рекреативен и атрактивен дел на Тетово, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Патот од Тетово долж реката Пена до месноста Бањиче се користи од граѓаните за рекреација, пешачење и трчање. На неколку места постојат потпорни ѕидови кои се во опасност од паѓање поради ерозија на земја.ас/бт/