Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Охрид трчаТ“ преместен од јуни за крајот на август

„Охрид трчаТ“ преместен од јуни за крајот на август
300x250 opst2

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, поради новонастаната ситуација со Ковид -19 е одложено од 7 јуни за последниот викенд од август месец.  Манифестацијата ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици на македонскиот туристички центар.

– Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи! Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид.

Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! – порачуваат од организациониот одбор на „Охрид трчаТ“.

Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата или автоматска пријава за следното петто издание на охридскатиот спортски настан. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!