Утрински Весник
Македонија

Филипче: Епидемијата се стишува, но олабавувањето на мерките ќе оди постепено

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

– Епидемијата се стишува, како што и очекувавме во овој период. Со олабавување на мерките треба да спречиме голем број на ново дијагностицирани пациенти. Затоа олабавувањето ќе оди постепено, со препораки, со задолжително носење на маски, на одржување на дистанца – само на тој начин епидемијата ќе ја држиме под контрола, наведува Филипче во објавата. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

Променливо облачно со сончеви периоди

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!