Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед влегува во битка за Тимо Вернер

Јунајтед ќе ги решава проблемите во нападот на Тимо Вернер

Манчестер, 30 април 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед е подготвен да влезе сериозно во битката за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“.

До сега се сметаше дека Германецот е близу до трансфер во Ливерпул, но „црвените ѓаволи“ може да ги поматат сметките на големиот непријател.

Всушност, „Олд Трафорд“ користел слична анализа со онаа што се користи во Ливерпул за да ги идентификува нивните најсоодветни трансфер цели. Значи има совршена смисла двата клуба да го сакаат истиот фудбалер, имено Вернер.

Дваесет и четири-годишниот напаѓач има многу силна сезона. Тој запиша 27 голови и 12 асистенции од почетокот на кампањата на сите турнири.

Интересот за него е доста сериозен, а неговото име се поврзува за трансфер во неколку други клубови, вклучувајќи ги Челси, Баерн Минхен и Интер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина