Утрински Весник
Спорт

Азар ќе му биде на располагање на Зидан кога ќе продолжат натпреварите

Азар: Се обидувам да не јадам многу

Мадрид, 30 април 2020 (МИА) – Рехабилитацијата на ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, оди добро.

На почетокот на април стана јасно дека Белгиецот ќе му биде на располагање на менаџерот Зинедин Зидан кога ќе продолжат натпреварите, што сега се очекува да се случи во јуни.

Азар беше подложен на операција на десното колено на 5 март во американскиот град Далас.

Според шпански „АС“, тој започнал да прави кросови пред неколку дена и исто така започнал лесни вежби со топка.

Третманот на напаѓачот неодамна го коментираше и неговиот менаџер во националниот тим, Роберто Мартинез, кој рече дека очекува тој да се врати „посилен“ и дека тој имал „среќа да ја направи операцијата пред да експлодира коронавирусот“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина