Утрински Весник
Македонија

Уписите во средните училишта според предвидените рокови

Уписите во средните училишта според предвидените рокови

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска информираше дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите. Конкретно, за средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.

Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.

Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица – Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Граѓани помогнале, инспекторка Ристевска постапувала, АХВ ги фали директорот и градоначалникот!?