Утрински Весник
Спорт

„Екип“: ПСЖ ќе биде шампион

ПСЖ го освои првиот трофеј за сезоната

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Француската фудбалска федерација реши да ја заврши сезоната во Лига 1 и да му ја додели шампионската титула на Пари Сен Жермен, пишува авторитетниот „Екип“.

Оваа одлука сè уште не е официјално потврдена ниту од Француската фудбалска федерација ниту од Лига 1.

ПСЖ беше на врвот во пласманот во моментот на паузата поради пандемијата од коронавирусот и имаше 12 поени предност пред Олимпик Марсеј.

Според изданието, донесена е одлука и за отпаѓање, па така во понизок ранг одат Амиен и Тулуз, додека промоција во повисок ранг на францускиот фудбал ќе добијат Лориен и Ленс.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп