Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Европа за еден месец 11.000 помалку смртни случаи од загадување

Во Европа за еден месец 11.000 помалку смртни случаи од загадување
Img 7972

Лондон, 30 април 2020 (МИА) – Подобрувањата во квалитетот на воздухот во текот на изминатиот месец, како резултат на прекини во деловниот и социјалниот живот преку ригорозни епидемиолошки мерки поради пандемијата на коронавирусот, доведоа до 11.000 помалку смртни случаи од загадување во Велика Британија и другите делови на Европа, покажува истражувањето објавено денеска од „Гардијан“.

Наглото намалување на патниот сообраќај и индустриските емисии, исто така, резултираше 6.000 деца да не развиваат астма, 1.900 да избегнат посети на одделенијата за итни случаи и 600 помалку предвремени породувања, соопшти Центарот за истражување енергија и чист воздух.

Додека пандемијата продолжува да зема голем данок – повеќе од 220.000 смртни случаи низ целиот свет од почетокот на годината – авторите на студијата велат дека мерките обезбедуваат увид во почиста, поздрава животна средина, што е можна ако светот се оддалечи од загадувањето од индустријата со фосилни горива.

Споредено со истиот период минатата година, нивото на штетни гасови се намали за 40 проценти и ПМ 2,5 честичките за десет проценти. Овие две форми на загадување го ослабуваат срцевиот и респираторниот систем и се одговорни за околу 470.000 смртни случаи во Европа секоја година.

Користејќи компјутерски анализи и статистички модели кои комбинираат податоци за квалитетот на воздухот, временските услови, емисиите, популацијата и зачестеноста на заболувања, новите истражувања откриваат најголем број избегнати смртни случаи од загадување во Германија (2.083), Велика Британија (1.752), Италија (1.490), Франција (1.230) и Шпанија (1.083).

Според типот на болест, речиси  40 проценти од намалувањето на морталитетот е поврзано со срцева слабост, 17 отсто со заболувања на белите дробови како што се бронхитис и емфизема, 13 отсто со мозочен удар и рак, а остатокот се инфекции и дијабетес. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка