Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви

Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви
300x250 opst2

Струмица, 30 април 2020 (МИА) –  Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител. Полицијата е и денеска пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.

Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврди за упадот на полицијата и рече дека во 13:00 часот пред просториите на магацинот ќе одржи прес конференција, на која ќе соопштат повеќе детаљи.

Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.

Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.

МИА побара писмена информација и од СВР-Струмица и до објавувањето на веста се уште нема одговор од струмичката полиција.рт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка