Утрински Весник
Македонија

Солидарна помош од Австрија за справување со пандемијата

Солидарна помош од Австрија за справување со пандемијата

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Амбасадата на Австрија  соопшти дека преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism – UCPM)  во наредните денови се очекува во нашата земја да пристигне солидарна помош за справување со пандемијата од КОВИД-19, која ќе се состои од шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена.

Од Амбасадата посочуваат дека Австрија беше погодена од пандемијата КОВИД-19 околу две и пол недели пред Северна Македонија и дека, по претпоставка дека најлошото заврши, Австрија сега е во позиција да обезбеди итно потребени средства и добра за помош на земјава. Покрај најтешко погодените земји, наведува Амбасадата, приоритет на австриската помош и солидарност е насочена кон земјите од Западен Балкан.

– „Австрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретно потребни средства и добра. Коранавирусот  нè става пред нови предизвици со коишто можеме само заеднички да се справиме. Исто така, продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме, Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Шаленберг во една прилика, истакнува Австриската амбасада во соопштението.

Амбасадата наведува и дека Австрија сака да покаже солидарност и кога болничките капацитети се ограничени поради КОВИД-19 и затоа и понуди на Северна Македонија третман на  пациенти во Австрија. 

-Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија останаа  отворени за пациенти за итни случаи од Северна Македонија, додава во соопштението на Амбасадата на Австрија. хс/са/ 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј