Утрински Весник
Македонија

Нотарска комора донираше 161.500 денари за помош во справувањето со коронавирусот

Нотарска комора донираше 161.500 денари за помош во справувањето со коронавирусот

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Средства во износ од 161.500 денари се уплатени на владината наменска сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот, соопштија од Нотарската комора и посочија дека за таа цел денеска со Владата склучиле и Договор за доделување средства по основ на донација.

Од Нотарската комора истакнаа дека одлуката за активно вклучување во акцијата за донација и доделување парични средства за поддршка и помош во справувањето со ширење на коронавирусот, нивниот Управен одбор ја донел на 14 април, а во донацијата се вклучиле и дел од нотарите со свои финансиски парични средства на доброволна основа.

-Здравјето е сопствена, но и колективна одговорност на сите нас. Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добродојдена таму каде што е потребно, стои во соопштението од Нотарската комора. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност