Утрински Весник
Економија

Во март раст во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Се замрзнуваат цените на основните продукти, забрана и за извоз на пченица и брашно

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, во март годинава во споредба со март во лани, е забележан раст на промет номинално за 3.5, а реално за 1.8 отсто, соопшти Државниот заво за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12.7 %, а реално за 13.1 %), во Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4.6 %, а реално за 5.6 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28.3 %, а реално за 23.6 %).са/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Македонска делегација во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Бугарија – пример за одржливо и еколошки одговорно рударство