Утрински Весник
Македонија

Кампања за носење маски на зелените пазари

Кампања за носење маски на зелените пазари

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници од „Скопски пазар“ како правно лице кое управува со зелените пазари почнувајќи од денеска ќе реализираат кампања за преземање превентивни мерки и активности во врска со заштитата од ширењето на вирусот Ковид-19.

Активностите во рамки на оваа кампања, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, имаат за цел подигање на јавната свест и потребата за одговорно однесување на сите нас, со што ќе придонесеме за заштита на присутните лица на зелените пазари на подрачјето на Скопје.

Со кампањата ќе бидат опфатени зелените пазари на ниво на град Скопје и тоа, Бит Пазар, Буњаковец, Ченто, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Драчево, Бутел, Чаир, Аеродром, Автокоманда, каде ќе се информираат посетителите, закупците на просторот за начинот на користење на заштитната опрема, потребата за користење, како и за санкциите согласно донесените препораки доколку истите не се почитуваат.

Во рамки на кампањата, на граѓаните ќе им бидат поделени маски и ракавици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките што се однесуваат на задолжителна употреба на маски и останата заштитна опрема и да се придржуваат на потребното растојание. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќе имаме два дена претежно суво време, но со појава на утрински мразеви

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража