Утрински Весник
Македонија

Денот на Европа се одбележува со кампања на социјалните мрежи

Денот на Европа се одбележува со кампања на социјалните мрежи

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Европското движење во земјава деновиве ги почна активностите за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа, што оваа година се одвива преку Фејсбук со заедничка кампања на европските движења од сите европски држави под мотото „Заедно за Европа“.

За разлика од претходните години кога акцент се ставаше на масовни активности, годинава кампањата ќе биде насочена кон социјалните мрежи, со цел во услови на пандемија по електронски пат да се допре до што поголем број проевропски и продемократски настроени граѓани и притоа да се зголеми свеста за европските вредности, наведува Европското движење.

Како дел од одбележувањето на Денот на Европа е организиран студентски натпревар за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Натпреварот ќе трае до 9 мај, а за три фотографии со најголем број допаѓања се обезбедени парични награди.

Фотографиите на 47 студенти, колку што се пријавија на конкурсот, се објавени на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK), а може да се видат и директно преку линкот shorturl.at/ckqs0.

Во рамки на прославата на Денот на Европа, Македонското Европско движење организира и онлајн дебата за размена на искуствата на студентите преку Еразмус плус програмата на 5 мај (вторник), како и онлајн квиз за знаењата за ЕУ на 9 мај. За средношколците, пак, е објавен конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“, соопшти Европското движење. нд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ