Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на остантите природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, Преспанското Езеро има за 85 сантиметри понизок водостој од просечниот за април, додека другите две природни езера имаат повисок водостој од вообичаениот за овој месец и тоа за четири сантиметри кај Охридското, односно за 3,04 метри кај Дојранското Езеро.

Понизок водостој од просечниот имаат и сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила