Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.00 часот на ул.„Александар Урдаревски“ ги лишиле од слобода С.Ш.(27), М.Р.(30) и едно седумнаесетгодишно момче, сите од Скопје,  затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Полициското одделение Арачиново вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Арачиново, во семејниот дом, А.Н.(40) ја усмртил својата сопруга Б.Н.(36), по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Вчера трото во 10.50 часот било пријавено дека во Пехчево, С.В.(65) од Пехчево вработен во фирма, бил повреден при работа во шума, на место викано „Равно борје“, по што починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово и службени лица од Државниот инспекторат за труд –Берово.

Во полиција вчера утрото во 07.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влезот во село Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(22) од село Србица, патничко возило „сеат алхамбра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С. (63) од Кичево и патничко возило „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од село Горно Строгомиште.

Во незгодата, А.Ј.(54) од село Горно Строгомиште, сопатник од возилото „форд ескорт“, од здобиените повреди починал. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.Ј. и С.С., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.

На 29.04.2020 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Довлеџик“, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки,  управувано од С.С.(41) од Битола, удрило во пешакот А.Ф.(20) од Битола.

Во незгодата А.Ф. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 29.04.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во село Инџиково, скопско, мотоцикл „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(34) од Скопје, удрил во пешакот В.М.(19) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.04.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Дабила – село Петралинци, беровско, Ј.Р.(52) од Штип, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.П.( 45) од Берово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште две сопатнички Ј.Б.(55) и Н.Б.(51) од Берово, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

На 29.04.2020 во 15.45 часот било пријавено дека во село Ракитец, патничко возило „мицубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од с.Ракитец удрило во 11-годишен пешак.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Во Полициската станица Кисела Вода вчера попладне М.Г. (19) од Скопје пријавила дека ул.„Саса“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера попладне во 18.35 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делница од зубовска раскрсница кон Ново Село се случила сообраќајна незгода во која Љ.Б. (47) од Струмица, управувајки  патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.М.(43) од Струмица, која е префрлена во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Б. и сопатникот Р.А. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Вчера во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое ден претходно на 28 април на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди.     

На 29.04.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, О.А.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Перо Наков“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. сст/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме