Утрински Весник
Македонија

На Хематологија се спроведуваат мерки со цел заштита на пациентите и медицинскиот персонал

Клиника за хематологија: За пациентите со ретки болести навреме се обезбедува терапија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Универзитетска Клиника за хематологија во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство.

Секојдневно, како што посочуваат од Министерството, се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24-часовен континуиран специфичен третман. Најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест.

Поспецифичните препораки за најчестите хематолошки заболувања може да се прочитаат на линкот: shorturl.at/xOS56 , што на својот ФБ профил го објави министерот за здравство Венко Филипче. рп/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи

Намалена видливост на Стража и патот Тетово – Попова Шапка

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сценаријата за наше рушење нема да ви успеат