Утрински Весник
Магазин

Шведска: Со пилешки измет против масовни собири

Шведска: Со пилешки измет против масовни собири

Лунд, 30 април 2020 (/) – Шведскиот град Лунд одлучи да распореди пилешко ѓубриво во Централниот парк во тој град за да спречи собири на луѓе за време на традиционалната Валпуршка ноќ, прослава што се одбележува низ цела Скандинавија.

На овие прослави обично се собираат многу луѓе, но оваа година властите сакаат да го спречат тоа поради епидемијата на вирусот Ковид-19.

– Лунд може да стане жариште на коронавирусот во последната вечер во април… Затоа ставивме тони ѓубрива во паркот. Со тоа ќе се наѓубрат тревниците, а миризбата ќе ги спречи масовните собири, рече Густав Лундблад – претседател на околниот Одбор за заштита на животната средина.

Прославата Валпуршка ноќ потекнува од паганските празници во минатото. Популарното, иако – неофицијално, славење може да привлече 30.000 луѓе од цела Шведска.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Развод по само 48 часа: Невеста го напушти сопругот откако и ја пикнал главата во свадбената торта

Посетила забава за лица над 18 години и откри што навистина се случува зад затворени врати

Вештачката интелигенција почна да „вработува“ и луѓе преку нова платформа