Утрински Весник
Спорт

На премиерлигашите ќе им биде понудено тестирање на коронавирус двапати неделно

Тотенхем елиминиран од Лига Купот од клуб од четвртата дивизија

Лондон, 30 април 2020 (МИА) – На клубовите од англиската Премиер лига ќе им биде понудено најмалку двапати неделно да ги тестираат фудбалерите и персоналот за евентуално присуство на коронавирус, пренесува „Скај спортс“.

Според изворот, оваа мерка може да се примени доколку владата на Велика Британија дозволи враќање на тренинзи. Се известува дека релевантните предлози ги подготвил Марк Џилет, медицински советник на премиерот, по консултациите со надлежните од шпанската Ла Лига и германската Бундес лига.

Тестовите ќе ги плаќа Премиер лигата. Овој предлог ќе биде разгледан во текот на денешниот ден. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал