Утрински Весник
Македонија

Облачно и топло, попладне пороен дожд, ветер и грмежи

Облачно и топло, попладне пороен дожд, ветер и грмежи

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, засилување на ветерот и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 8 степени, а дневна до 24 степени. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал