Утрински Весник
Економија

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети, штом ќе се создадат услови за отворање на аеродромите јавноста ќе биде известена

Сугарески: Сконцентрирани сме на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицфирањето ќе се одлучува по изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Транспортот на стоки и услуги во ниеден момент, освен случајот до пред извесен период со Република Турција, нема никакви проблеми. Тоа беше добро координирано и со МНР и со МВР за проблемите на границите низ Европа, истакна вечерва министерот за транспорт Горан Сугаревски во интервју на 24 Вести.

– Железничкиот, посебно товарниот и патничкиот сообраќај согласно и она што значеше дозволи коишто ги бараше ДЗСИ течеше без никаков проблем. Сите проблеми што се појавуваа целосно ги надминувавме во делот на соработка и со здруженијата и асоцијациите на транспортерите, така што тој се одвиваше без проблем, потенцираше Сугаревски.

Во однос на авиотранспортот, министерот информираше дека субвенции за авиокомпаниите се исплаќаат за она што го имаат работено претходно и дека ќе се исплаќаат понатаму кога ќе се заврши вонредната состојба и кога „Визер“ ќе продолжи со редовните и со субвенционираните линии.

Во моментот, согласно одлуката на Владата суспендирани се летовите на „Визер“. Известени се уште на 15-16 март, тогаш се застанати сите летови. За овој период согласно договорот ние нема како да исплаќаме и за што да исплаќаме како држава. „Визер“ има четири субвенционирани летови од Охрид и четири субвенционирани летови од Скопје, појасни Сугаревски.

Тој апелираше граѓаните да не купуваат или резервираат билети и нагласи дека штом ќе се создадат услови за отворање на аеродромите Владата и ресорното Министерство ќе ја извести јавноста за да може да ги резервираат билетите.

– Се друго што читате тоа се лажни вести. Ние уште немаме одлука за кога и како. Се надеваме дека тоа ќе биде најбрзо, меѓутоа за тоа проценка треба да направи Штабот и Владата согласно препораките коишто ги дава Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, информираше ресорниот министер. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра