Утрински Весник
Македонија

Османи: Функционерите од ДУИ разликата над минималната плата ќе ја донирааат во Солидарниот фонд

Османи: Ќе се изолирам до вторник кога според протоколите треба да се направи тестирањето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во објава на Фејсбук информира дека сите избрани и именува функционери од редовите на ДУИ решиле разликата на нивните плати над минималната, да ја донираат во Солидарниот фонд на Владата.

– Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата, наведува Османи.

Тој во објавата посочува и дека „борбата против КОВИД-19 сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Можна е средба Мицкоски-Ахмети по Нова Година

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема пари за плати има само за тендери